Logo

        Општинска Установа Работнички Универзитет “Крсте Мисирков“ Кичево,  успешно ги реализираше двата дела од работилницата организирана по повод Велигденските празници со наслов “Велигденска уметност“.
       И овој проект беше дел од Програмата за 2022 година од институцијата. Децата од нашата Oпштина Кичево имаа можност да ја покажат уметничката душа, како и можност да работат и креираат во групи, а воедно и да се запознаат.

        На крајот го украсивме и Велигденското дрвце со глинени украси во вид на јајце кои децата ги набоија и ги декорираа по нивна желба, а ние ќе ги чуваме во нашата архива во делот случувања на културен план.
         Голема благодарност до стручните лица кои помогнаа за реализација на овој проект и благодарност до учесниците кои се надеваме дека уживаа.
 И секако не застануваме тука!!!
 
 
Фотографиите можете да ги погледнете на ПОВЕЌЕ
 
FaLang translation system by Faboba
Copyright: O.U. R.U. "Krste Misirkov" - Kicevo