За нас

About University

Образованието е клучен фактор за вработување!

Но и покрај вашето формално образование за да може да конкурирате на пазарот на трудот, потребни ви се нови вештини, нови знаења и компетенции!

Поради тие потреби на граѓаните постојат установи како нашата установа , кои се стручни во неформалното и информалното образование , кои го подржуваат доживотното учење каде би се преквалификувале и усовршиле со  вештина и би се самовработиле или вработиле.

Преку обуките кои ги организира универзитетот во соработка со реномирани  компании , како и пренесување на знаење за занаети од стручни испитувачи надворешни соработници – комисии од доктори , професори , занаетчии кои ќе придонесат за вашата успешност.

Продолжувајќи го културно-историскиот и цивилизациски тренд, кој на влезот во третиот милениум во себе ја инкорпорира и футуролошката димензија, каде што преферира информатичко образование, образование за новите технологии и масмедиумската комуникација, значи еден континуитет на цивилизациско наследство од Св. Климент наваму, Работничкиот универзитет "Крсте Мисирков" од Кичево го зазема своето драгоцено место во областа на образованието во овој дел од Македонија.

Цел и мисија

Универзитетот делува како институција за доживотно образование и културен развој на вработените луѓе и граѓаните – особено на возрасните и младите луѓе. Предмет на активностите на универзитетот се состои во широк дијапазон на образование на возрасните, комплексно и постојано стручно социо-политичко и економско, културно-естетско образование, со посебен акцент на обука на вработените луѓе, возрасните и младите, а се со цел за успешно изведување на нивните функции во своите работни организации, општествените установи и приватниот сектор.
На полето на стручното образование, Универзитетот организира подготовка од областа на машинската, електро – техничката струка, медицината и други занимања и професии.

Планови и перспективи

Како центри за образование и воспитување, односно дообразование, во кои луѓето можат и/или сакаат да ги збогатуваат или надградуваат своите знаења, умеења и моќ, работничките универзитети воопшто, а во случајов, Работничкиот универзитет "Крсте Мисирков"од Кичево, исправен е пред многу сложени задачи, кои во иднина ќе мора да ги разрешува, односно да ги приспособува кон потребите на новото време. Следејќи ја просветителската традиција на нашите прадедовци кои во овие краеви создавале, твореле на јазик разбирлив за населението, традициите продолжувале се до 20-тиот век, кога индустриската револуција барала потреба од брзи форми на образование и доообразование. 21-ви век, векот во кој живееме, секако ќе биде век кога кога информатичкото образование и неговото познавање значат исто како и познавање на буквите. 

Новиот работнички универзитет како еден од приоритетите секако мора да ја соодржи и компонентата на пружање сознанија за проблемите и достигнувањата на поразвиените и пренесување искуства од нив, но и давајќи искуства на останатите. Во таа смисла, тој мора да биде во тек со она што значи светско искуство во овој домен, при што ќе биде подготвен да ги "вшмукува" најдобрите и најприфатливи методи на знаење, и нив да ги приспособува, збогатива и доразвива.