Термини

Полагање за болничари

Кога: 15 Јануари 2018 @ 14:00

Математика - Завршен испит

Кога: 4 Декември 2017 @ 18:00

Курс по Англиски јазик

Кога: 16 Мај 2017 @ 17:00

Предавањa за заварувачи

Кога: 3 Ноември 2017 @ 09:00

 

Други услуги

Неписменоста, како еден од глобалните проблеми во штотуку ослободената земја, по 1945 година требаше да биде искоренета. Неможноста тоа да се остварува во редовните образовни институции, ја наложи потребата од радикални реформски активности, кои во прво време се остваруваа во форма на кружоци за описменување и аналфабетски курсеви. Со овие курсеви раководеле лица коишто добро го владееле пишувањето и читањето, иако не поседувале задолжително педагошко образование. Од тие причини, во повоениот период во Македонија се формираат, а некаде повторно заживуваат народните универзитети, кои интензивно работат на планот на здравствено-хигиенско образование и описменување.

Клучни настани

1947 Во Кичево се формира Народниот универзитет, кој паралелно со описменувањето, врши обука за одредени струки и занимања. Во рамките на Универзитетот била основана и драмска група, а исто така, свои завидни активности имале и играорната и музичката секција.
1958 Во рамките на Универзитетот со своја работа почнала и Школата за самоуправување и самоуправувачи.
1964 Народниот универзитет добил ново име, Работнички универзитет, со што, всушност, се лоцира намената и намерата на ваквите образовни институции.
1969 Формиран првиот и единствен од ваков вид на ова подрачје, Информативно-културен-образовен центар, кој во 1972 година го добива името по основоположникот на македонската современа литература Кочо Рацин.
1991 Работничкиот универзитет егзистира како самостојна институција, со своја жиро-сметка како установа од посебен општествен интерес.
   
   

Deprecated: implode(): Passing glue string after array is deprecated. Swap the parameters in /home/univerz1/public_html/modules/mod_bt_googlemaps/tmpl/default.php on line 78

Награден литературен конкурс за основни училишта

Општинска Установа Работнички Универзитет ,,Крсте Мисирков“ Кичево, по повод одбележување на Меѓународниот ден на жената 8ми Март, го распишува следниот НАГРАДЕН ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС со наслов ,,НАЈДОБРИТЕ СТИХОВИ ПОСВЕТЕНИ НА MAJKATA“. За повеќе информации превземете го следниот ДОКУМЕНТ.

Награден литературен конкурс за средни училишта

Општинска Установа Работнички Универзитет ,,Крсте Мисирков“ Кичево, по повод одбележување на Меѓународниот ден на жената 8ми Март, го распишува следниот НАГРАДЕН ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС со наслов ,,НАЈДОБРИТЕ СТИХОВИ ПОСВЕТЕНИ НА ЖЕНАТА“. За повеќе информации превземете го следниот ДОКУМЕНТ.