Logo

  
 
Успешно реализирани двата делови од работилницата ,,Велигденска уметност“, која беше организирана по повод претстојниот празник Велигден. Оваа работилница е дел од проектот од национален интрес во културата на креативни индустрии со наслов ,,Креативноста не поврзува - мултикултурни и инклузивни работилници“, поддржан од страна на Министерството за култура. И бидејќи нели креативноста не поврзува, во првиот дел имавме виртуелни гости ученици-учесници кои идентично твореа, пееа, кажуваа гатанки. Тие од Скопје, Општина Кисела Вода од ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ“, четвртоодделенци кои преку платформата ZOOM  така далеку но сепак блиску имаа можност да се дружат и да творат и пеат со учениците-учесници од основните училишта од нашата Општина Кичево. И секако и во оваа работилница беа вклучени и деца со посебни потреби кои со остантите подеднакво беа креативни. Ова беше едно уникатно предвелигденско дружење со насмевки!
 
Фотографиите можете да ги погледнете на ПОВЕЌЕ
 
ПРВ ДЕЛ
 
 
 
 
 
ВТОР ДЕЛ
 
 
 
 
 
FaLang translation system by Faboba
Copyright: O.U. R.U. "Krste Misirkov" - Kicevo